Делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероите во градскиот парк во Охрид, а по повод 2- август, Денот на Републиката.
Пред споменикот се поклонија и Делегации на Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца, политички партии и други претставници на јавниот и политички живот од градов.