Положено цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците

Делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероите во градскиот парк во Охрид, а по повод 2- август, Денот на Републиката.

Пред споменикот се поклонија и Делегации на Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца, политички партии и други претставници на јавниот и политички живот од градов.