Турција издаде налог за апсење на Ѓулен

Судот во Истанбул денеска издаде налог за апсење на исламскиот лидер Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен прогон во САД, а кого Анкара го обвинува за организирање на пучот во Турција.

Во судскиот налог стои дека Ѓулен го „наредил обидот за пуч од 15 јули“.

Турската влада наведе дека Ѓулен го осмислил пучот кој се обидоа да го изведат одметниците на турската војска, додавајќи дека бараат да биде испорачан во Турција.

Официјална Анкара го смета движењето на Ѓулен за терористичка организација.
Ѓулен негираше каква било вмешност во обид за државен удар.

Извор: meta.mk