Момче од Гостивар почина во авто-кампот Градиште

На 4ти август околу 20:37 часот во СВР-Охрид од страна на лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека од авто камп „Градиште“ бил донесен починат М.Д. (18) од Гостивар.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. На 5ти август телото на починатиот ќе биде пренесено во Оддел за судска медицина при Клиничка болница Битола за обдукција.