Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има проекција на филмот „До победата и по неа“, во режија на Живорад Митровиќ-Жика, по сценарио на Симон Дракул, а во продукција на Вардар Филм-Скопје.
Филмот е снимен во 1966 година и е со времетраење од 106 минути.
Во филмот се зборува за последниот ден од окупацијата жителите на едно мало македонско гратче се сведоци на уште еден крвав чин на окупаторот – стрелање на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. И во овој случај, како и повеќепати пред тоа, предавникот останува непознат за неговите сограѓани. Веќе утредента партизаните влегуваат во градот. Филмот е добитиник на наградите: 1966 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио на Симон Дракул
Главни улоги ги толкуваат Александар Гавриќ, Димитар Ќостаров, Драган Оцокољиќ, Драги Костовски, Илија Милчин, Јанез Врховец, Мери Бошкова, Милан Срдоч, Милена Дравиќ, Петре Прличко и Ристо Шишков.