На 08.08.2016 година полициски службеници продолжија со преземање на мерки и активности согласно Планот за реализација на физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, општина Гази Баба, а со цел справување со последиците од елементарната непогода која го зафати Скопје и неговата околина, при што најзагрозени се населените места с. Стајковци, Синѓелиќ, с.Смиљковци, с.Црешово, с.Брњарци, с.Виниче, како и дел од обиколницата на автопатотот кој гравитира од населбата Радишани кон с.Арачиново, но и други реони на градот.
При тоа, од страна на СВР Скопје се ангажирани 243 полициски службеници и 50 возила.
Во текот на целокупната активност на 08.08.2016 година од страна на МВР – ОСПОЕ ангажирани се 213 ПС, 39 дефендери, 1 џип чироки, 1 хермелин, 1 чамец, 1 камион и 1 хелихоптер со техничка опрема.
Во текот на преземањето на мерките и активностите за справување со настаните, пријавени се две исчезнати лица, како и големи штети–срушени и поплавени куќи, возила и друг имот.
На 08.08.2016 година околу 09:30 часот од страна на Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, Директорот на БЈБ Горанче Савоски, Началникот на ЦПС при БЈБ и останати претставници од Влада на РМ и други институции за расчистување на последиците од кризниот регион, беа посетени село Црешево, како и останатите места кои беа опфатени од временската непогода.
На 08.08.2016 година во периодот од 09,00 до 19,00 часот полициските службеници од Единицата за брзо распоредување извршуваа работни задачи во координација со останатите служби на терен кои беа ангажирани за санирање на настанатите штети, логистичкото покривање и давање испомош во загрозените подрачја во реонот на град Скопје.
Работните задачи и активностите на полициските службеници од составот на Единицата се состоеја во санирање на штети, испомош на цивилното население во расчистување на смет, координација со останати служби за логистичко покривање на теренот во поглед на барање на работни машини (багери, пумпи, агрегати и сл.), транспорт на цивилно население, храна и вода, извлекување на моторни возила, претрес на терен, регулирање на дел од сообраќајот, асистенција на ПП екипа од Р.Бугарија и логистичко покривање давање на испомош на ангажираните ПС од ЕБР како и на другите екипи и служби ангажирани во поплавените подрачја.
Во периодот од 08,00 до 20,00 часот полициските службеници од Единицата специјални задачи беа распоредени во четири тима.
Првиот тим беше ангажиран со хеликоптер од Хеликоптерската Единица на МВР кои беа ангажирани во атарот на село Црешево со цел пронаоѓање на лица, тела или возила, како последица на катастрофалната поплава од претходните денови. При тоа извршени беа неколку прелети со визуелен преглед над споменатата локација, како и на обиколницата на Скопје и селата Смилковци и Арачиново.
Вториот тим беше ангажиран во с.Арачиново во месноста викана „Фазанерија“ за пребарување и спасување на лица, кои по дојава од Хелихоптерската единица на МВР за наводно потопено ПМВ, се упатиле на местото на настанот при што била затекната поголема група на мештани кои им кажале дека возилото е во сопственост на нивен сосед и во истото немало загрозени лица.
Третиот тим беше ангажиран во селата Црешево и Страчинци со цел да се оствари контакт со месното население, да се провери подрачјето и да се види дали има пријавено исчезнати лица при што беше извршена обиколка во и околу селата и притоа не беа пронајдени тела или исчезнати лица, а била забележана видлива материјална штета.
Четвртиот тим беше ангажиран кон м.в. Раштански пат за расчистување на локалните патишта кон село Раштак, кон м.в. Бачила, кон населба Бутел, црпење на вода од поплавени дворови, прокоп на канали со цел одвод на насобрана вода со цел нормализирање на животот и испомош на граѓаните од горе споменатите места. За оваа намена била употребена и градежна тешка механизација.
При преземање на мерките и активностите во текот на денот, од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, фотографирани биле вкупно 70 ПМВ и ТМВ на ул.Алија Авдовиќ, ул.Костадин Петковиќ, ул.Роман Кастаљевиќ (Охридски договор), ул.Кристофер Жефаровиќ и ул.Томас Минцер.
На 08.08.2016 година од страна Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно Јавно Обвинителство Скопје беше доставено Писмено известување за лицата кои го загубија животот во елементарна непогода која го зафати градот Скопје со селата Арачиново, Сингелиќ и Стајковци. Жртвите се препознаени од страна на членови на семејството, а дел од нив и врз основа на отпечатоци од папиларни линии од страна на крим техника на МВР.
Во текот на вчерашниот ден дел од лицата беа предадени на фамилиите за погреб.
Во временскиот период од 06 до 08.08.2016 год. сообраќајот кој беше во прекин на повеќе раскрсници, подвозници и клучки во град Скопје поради временската непогода која го зафати Скопје и неговата околина, се одвива нормално и со пренасочувања доколку е потребно, освен на ул.„Алија Авдовиќ“ и обиколницата од клучка Радишани до с.Арачиново, каде се одвива во отежнати услови заради работење на ангажираната механизација за расчистување на настанатите штети од поплавата.
Во текот на вчерашниот ден во ПС ОН „Гази Баба“ пријавени се две исчезнати деца и тоа:
На 08.08.2016 година околу 17,00 часот лицето И.Г. од с. Стајковци, скопско, пријавил дека на 06.08.2016 година околу 22.00 часот во близина на крстосница на ул. 8 со ул. 5 во с.Стајковци, неговиот татко движејќи се со трактор во кој како совозач бил неговиот дванаесет годишен син Иван Илиев, во момент на временските неприлики наишле на голем воден бран кој го превртел тракторот и водата почнала да го носи детето кон место викано Попово Маало од каде му се губи трагата. Околу 20.40 часот пријавено било дека на последна постојка на 65-ка во населба Сингелиќ, од страна на неговиот татко било пронајдено починатото дете. По извршената идентификација по наредба на Јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.
На 08.08.2016 година околу 18,00 часот Џ.Ф (18) пријавил дека на 06.08 околу 20.00 часот во близина на обиколница Смилковско езеро, неговиот брат сега починатиот Фуркан Фејзула,, движејќи се со возило, во кое како сопатник била неговата шеснаесетмесечна ќерка Елиф Фејзула, во момент на временските неприлики наишол голем воден бран кој почнал да го носи возилото и на детето му се губи секоја трага. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето
До сега во Единица за информации и команда и ПС ОН на подрачје на СВР Скопје евидентирани се над 70 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени домови, возила, ниви и друг имот, како и штети предизвикани од невремето.
СВР Скопје во соработка со останатите организациони единици во Министерството за внатрешни работи, како и во координација со субјектите на системот за управување со кризи односно со Единиците на локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Црвениот крст, ЈП за државни патишта и сите останати инволвирани и ангажирани институции презема тековни мерки и активности за справување со настанатата поплава, свлечишта односно одрони на земја, а воедно и понатаму се вршат претреси на теренот. Постапувајќи согласно Одлуката на Владата на РМ за постоење на кризна состојба се преземаат активни мерки за одржување на јавниот ред и мир на подрачјето зафатено со криза, теренот се покрива со полициски патроли и контролни пунктови на повеќе влезни и приодни патишта со посебен режим на движење на патиштата и во регионот согласно потребите и во насока на овозможување на движење на механизацијата до местото на криза и околу подрачјето, се врши преглед и претрес на теренот во насока на пронаоѓање и пружање помош на настрадани и зафатени лица, како и други мерки и активности согласно констатираните потреби, за што е изработен и посебен План за реализација на физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, општина Гази Баба со селата: Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и Арачиново.