Во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид (мал изложбен салон) вечерва (10 август) во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Патникот” на Борче Грозданов.
Грозданов работи како новинар и театарски критичар во дневниот весник „Вечер” повеќе од една деценија.
Во книгата „Патникот” има најмалку два патника. Првиот е самиот автор, а вториот, за жал, неодама починатиот актер Шишков јуниор.
Оваа прозна книга на Борче Грозданов толку многу е натопена со емоции, страсти, (лични и професионални) факти што слободно може да се сфати и прифати и чита и третира како мала, но значајна монографија за починатиот Васил Шишков.