Во неделата(7ми август) на плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со Фолклорна Асоцијација „Играорец”, Ансамбл „Скопје” i „ЕСЕ” Скопје“ се одржа Интернационалниот фолклорен и хорски фестивал „Св. Климент Охридски“.
Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција. Босна и Херцеговина, Литванија, Русија, Унгарија и Романија.
На фестивалот, низ оридските улици продефилираа околу 420 учесници.