Од Министерството за земјоделство, шумрство и водостопанство ги информираат сите заинтересирани кандидати дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на теоретскиот дел од испитот за добивање на уверение за вршење стопански риболов.
Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 22.08.2016 година.
Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 01.07.2016 година) дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 12:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот.
На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).
Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од четвртиот испит за добивање уверение за рибочувар. Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 22.08.2016 година.