Македонските стрелци се подготвуваат за Параолимписките игри во Рио 2016

Македонските параолимпијци-стрелци ги започнаа завршните подготовки за учество на Параолимписките игри во Рио 2016. Спортистите Оливера Наковска-Бикова (златен медал од Лондон 2012) и Ванчо Каранфилов (сребрен медал од Атина 2004), заедно со нивниот тренер Бранимир Јовановски (златен медал од Барцелона 1992) и шефот на мисијата Драган Дојчиноски, ќе се подготвуваат на стрелиштето Бејбунар од 11-21.08.2016 година во три стрелачки дисциплини.

Голема помош и логистика во подготовките имаат од СК „Охрид“ и ОСС „Охрид“ и тренерот Валентина Гоџоска.

Спортистите тренираат два пати дневно во вкупно времетраење од 6-8 сати на ден. На пат за Рио заминуваат на 30.08.2016, а игрите ќе бидат отворени на 07.09.2016 година на популарната „Маракана“ со пригодна манифестација и дефиле на 168 земји учеснички на игрите и преку 4.200 спортисти.

13977864_1425932840757056_1053847909_o