Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот ќе има проекција на филмот „Цената на градот“, во режија на Љубиша Георгиевки, по сценарио на Симон Дракул, а во продукција на Вардар Филм-Скопје.
Филмот е снимен во 1970 година и е со времетраење од85 минути.
Содржина: Едно гратче во Македонија е под германска окупација. Крајот на војната наближува. Во овие последни денови на окупацијата, жителите ослободуваат руски и италијански војници. Германскиот командант бара од граѓаните да ги предадат ослободените заробеници, уценувајќи ги со минирање на градот. Но, љубовта што командантот ја чувствува за гимназијалката Елена го попречува во извршувањето на злосторството.
Главни улоги ги толкуваат Ацо Јовановски, Ацо Стефановски, Драги Костовски, Драгомир Фелба, Јурие Дарие, Петар Стојковски – Бабец и Силвија Бадеску.