Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Црквата Св.Софија, со почеток во 21 часот концерт ќе одржи пијано-дуото „Четири раце“ со Марко Скиаво и Серџо Маркеџани од Италија.
На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, Ј. Брамс.
Пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ (Schiavo – Marchegiani) се смета за едно од најактивните и најценетите пијано-дуа денес. Извонредната координираност, техника, експресивност, убавина на звук, интензивност и прекумерна енергија со која се одликуваат нивните настапи, ја плени публиката низ целиот свет. Дуото го сочинуваат Серџо Маркеџани и Марко Скјаво, двајцата одлични музичари кои своето знаење го стекнале под менторство на некои од најистакнатите професори-пијанисти денес. Заедно музицираат уште од 2006 година и оттогаш имаат направено стотици концерти на некои од најзначајните фестивали и најпрестижните сали во светот.