Концерт на виолинистот Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробејников на „Охридско лето“

Спектакуларно затворање на музичката програма на 56-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Вечерва во црквата Света Софија, со почеток во 21 часот, неповторлив настан – концерт на едни од најдобрите руски изведувачи , виолинистот Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробејников.

На програмата ќе бидат изведени дела на А. Шнитке, С. Прокофјев, И. Стравински, П. И. Чајковски.

Рускиот виолинист Вадим Репин на музичката сцена се појавува многу млад. Само до 17-годишна возраст во својата биографија запишува голем број награди на национални и интернационални натпревари, вклучувајќи го и Златниот медал на натпреварот „Виенавски“ кој го добива на само 11 години. По ова следат голем број турнеи низ повеќе земји, каде настапува со најзначајните оркестри и најистакнатите диригенти. Како камерен изведувач соработувал со голем број музички имиња, меѓу кои и познатиот руски пијанист Николај Лугански.

9849-Vadim-Repin-photocredit-Sasha-Gusov-683x1024

Андреј Коробејников е руски пијанист, кој својата богата кариера ја започнува уште на 8-годишна возраст и оттогаш тој постојано настапува низ целиот свет, каде што соработува со голем број реномирани диригенти. Коробеиников бил учесник на повеќе престижни фестивали во светот, а добитник е и на голем број награди и признанија, меѓу кои прва награда на третиот интернационален натпревар за пијано „Александар Скрјабин“ во Москва, како и втора награда на вториот интернационален натпревар за пијано „Сергеј Рахмањинов“ во Лос Анџелес.

Korobeinikov-68a91f37aa