Летен џез караван со музички перформанс во „Куба Либре“

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура во организација на општина Охрид, синоќа во барот „Куба Либре“ како дел од проектот „Летен џез караван„ свој музички перформанс изведоа Симон Киселички трио и групата Sethstat .

LetenJazzCaravan200

„Во насока на зголемување на културната понуда на градот преку ваквите настани сакаме на граѓаните да им понудиме вистинско уживање во богатата културна понуда, која Секторот ТЛЕР при општина Охрид неколку години наназад ја збогатува со низа содржини во делот на уметноста и културата . Годинава започна како пилот проект, а се очекува во иднина истиот да прерасне во „Охридски џез фестивал““– истакна раководителот на Секторот ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Летниот џез караван продолжува вечерва (23.08.2016) во Барот „Куба Либре“ каде со почеток во 21 часот настап ќе имаат Kabadayas и Гоце Стефкоски квинтет.

LetenJazzCaravan4851