„Овој предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање не можеме да го прифатиме и сме против, затоа што повторно да се oстава простор за злоупотреба за градежните парцели“, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка.