Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 август 2016 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им ја честита Голема Богородица.