Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“.
Форумот се одржува четврта година по ред, во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Германија и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.
На форумот ќе говорат истакнати професори, аналитичари и експерти, меѓу кои проф. д-р Џим Шерока од САД, поранешниот пратеник во Европскиот парламент, Ханс Свобода, како и Горазд Бартол, шеф на мисијата на НАТО во Скопје.
Извор: meta.mk