Во кругот на црквата Св. Богородица во село Скребатно, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, се одржува голем црковно народен собир. Секоја година повеќе од 5 000 луѓе, присуствуваат на ручекот кој што го организира Црковниот одбор.
По тој повод, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за одбрана, Зоран Јолевски и пратеникот Сашо Василевски како и илјадниците верници присуствуваа на празнувањето на овој голем христијански празник.
Празнувањето на овај празник во селото Скребатно е збогатено и со богата културно – забавна програма.