Бесплатни униформи за основците во Аеродром

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски денес присуствуваа на доделувањето бесплатни униформи за околу 6.500 основци во рамки на општината.

Ристовски посочи дека овој проект е позитивен пример кој треба да го следат и другите општини во Македонија, односно да обезбедат средства со кои ќе им помогнат на семејствата и учениците.

„Овој проект е за поздравување бидејќи со него се обезбедува социјална еднаквост, се надминуваат на еден начин економските разлики кои можеби постојат меѓу дел од семејствата и се озвозможува сето тоа да нема никакво влијаније на учениците. Напротив тие се фокусираат на она што треба да биде нивна приоритетна активност во училиштето, а тоа е зголемување на квалитетот на нивното знаење“, истакна заменик министерот Ристовски.

Градоначалникот Коневски нагласи дека проектот за бесплатни униформи за сите основци се спроведува трета година по ред, додавајќи дека за оваа намена се издвоени осум милиони денари од буџетот на локалната самоуправа