Свечено отворен Политичкиот Симпозиум во рамки на Европскиот Форум „Aplbach 2016“

Министерот за образование и наука Пиштар Љутфиу, учествуваше на свеченото отварање на Политичкиот Симпозиум во рамките на Европскиот Форум „Aplbach 2016“ на тема „New Enlightenment“, што се оддржува во Тирол Австрија. Слобода, солидарност и човекови права се основните столбови на Европската унија. Денешните лидери, но и идните лидери им се приклучија на форумот, кој служи како главен собир на оптимистичките политики. 2015 година ке замине во историја како повратна точка кога глобалната реалност пристигна во стариот континент.

Овој Форум, со 72 годишна традиција преставува еден од најзначајните настани што се организира во светот на која што се разгледуваат најжешките теми околу различните научни дисциплини. Тие се одвиваат преку семинари, симпозиуми како и многу други културни активности. Над 5000 учесници и повеќе од 700 говорници и високи преставници ке бидат присутни на овој Форум.

Европскиот Форум „Aplbach’’ е основано во 1945 година. Двајца од неговите оснивачи биле студентот Молден (1918-2002) и професосот по филозофија, Симон Мосер (1901-1988). Нивната цел била да се придонесе кон обновување на научниот живот после Втората Светска Војна и почеток на взаемниот дијалог на старите противници. Тоа што се планирало како активност да се оддржи само еднаш се продолжи и во следните години. Со тек на годините активностите се трансформираа во форум за интердисциплинарен дијалог каде се дискутираат теми од наука, уметност, култура, политика, економија, медицина и финансиските прашања.

Главна цел на Европскиот Форум е дискусија и расправа околу рзличните теми кои допираат било кого од нас во денешното општество. Најголемото „богаство“ на форумот се младите. Кои што со нивната елоквенција, интелект и нивната критика се способни да разменуваат идеии и да предлагат конкретни решенија, за сегашноста и подобрата иднина.