СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(19) и неговиот 15 годишен брат двајцата од с. Грчец, поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август годинава, користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, во повеќе наврати по електронски пат примиле и на повеќе лица испратиле и прикажале порнографски материјал со 12-годишно девојче од Скопје.
За стореното кривични дела „прикажување порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и казниво по член 193 и 193-А, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот С.М. му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.
Имено, пријавениот малолетник кон крајот на јуни 2016 година на социјалната мрежа „Фејсбук”, остварил контакт и станал пријател 12-годишно девојче од Скопје, со кое почнале да си разменуваат електронски пораки. По одреден временски период, истиот остварил и неколку физички контакти со девојчето при што во повеќе наврати барал од неа да се слика во компромитирачка положба и сликите со порнографска содржина да му ги прати во порака на неговиот фејсбук профил. Откако на девојчето му испратил негови фотографии со порнографска содржина, малолетникот побарал од неа да сними порнографско видео на кое таа ќе врши полови дејства, при што истата тоа го направила и снименото видео му го испратила во електронска порака.
Во текот на кратката врска која пријавениот малолетник ја имал со девојчето во повеќе наврати по електронски пат си рамениле фотографии и видеа со порнографска содржина, за да кон средината на август 2016 година, наеднаш ја прекине комуникацијата со девојчето и и’ се закани дека целиот порнографски материјал снимен со неа ќе го препрати на нејзините пријатели.
На 16ти овој месец, малолетникот го испратил порнографскиот материјал на 11-годишна другарка на девојчето, а потоа целокупниот порнографски материјал му го покажал на неговит брат С.М., кој пак и’ испратил електронска порака со порнографска содржина на оштетеното девојче и и’ се заканил дека јавно ќе го објави целокупниот порнографски материјал од неа доколку таа не оствари физичка средба со него.
По ова, девојчето и’ кажала на мајката за заканите, која на случајот го пријавила во ПС од ОН “Кисела Вода“, за што од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал, браќата од с. Грчец се повикани во службените простории за да дадат појаснување во врска со пријавените кривично правните настани.
Од извршените проверки, во присуство и со дозвола на пријавените, полициски службеници од Единицата извршиле преглед на содржината на телефонските апарати, како и на електронската комуникација која пријавените ја воделе на социјалната мрежа „Фејсбук“, при што се откриени поголем број на фотографии и видео материјали со порнографска содржина.