Појавата на неавтохтони риби во Дојранско Езеро кое не е во интерес за сочувување на Дојранското Езеро како ципринидно езеро, богато со автохтона езерска фауна и флора кои му даваат белег на езеро интересно за езерски и медицински туризам, вели охридскиот екологист, Лазо Наумоски.
„Во водите на Охридското Езеро доминираат салмонидните риби охридска пастрмка и белвица. Затоа што Охридското Езеро е најдлабоко и достигнува длабочина од 289 м. Преспанското Езеро е второ природно езеро по големина со максимална длабочина од 54 м, а средна просечна длабочина до 17 м. Дојранското Езеро е најмало природно езеро со најголема длабочина до 10 м, а најмала до 5 м. Преспанското и Дојранското Езеро бидејќи немаат голема длабочина му припаѓаат на ципринидните езера и во нив доминираат ципринидни риби крап, клен, скобуст, моранец, мрена, плашица“, смета Наумоски.
Тој смета дека неминовно е долгорочно да се размислува за идните вистински концесионери на природните езера во Р. Македонија да бидат локалните градски власти на градовите Охрид, Струга, Поградец (Р. Албанија), Ресен, Пустец и Дојран.
„Ова го предлагам од причина што: локалните власти мора да се економски појаки и помоќни за да ги решаваат и реализираат ликалните економски и еколошки проекти во интерес за одржување на еколошки чиста вода во водените екосистеми од прв и втор степен на загаденост, односно како еколошки употреблива вода за пиење и развој на езерски туризам. Заштита на сочувување на езерската салмонидна и ципринидна фауна што е во интерес на езерскиот туризам. Охридското Езеро да се трансформира во главен репроцентар за развој на салмонидниот риболов во Р. Македонија. Стопанскиот риболов постепено да се трансформира во спортски риболов, поврзан со езерскиот, речниот и алтернативниот туризам.“- додава Наумоски.