Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – Опфат 5, КО Охрид 3

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10 , 51/11,123/12,93/13,42/14,44/15,129/15 и 39/16),Општина Охрид, на ден 22.08.2016 година, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 5, КО Охрид 3,Општина Охрид, плански период 2013-2018год., кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.

2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk.

3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.3 – опфат 5, КО Охрид 3,Општина Охрид ,плански период 2013-2018год., нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Основ за донесување на овој ДУП е постојниот ГУП за град Охрид,одобрената планска програма од страна на градоначалникот,а заверена од членовите на надлежната комисија.Со реализација на планскиот документ се предвидува планирање на просторот со намена домување во станбени згради А2 со компатибилни класи на намени на основната функција. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.

4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.