На 31ви август (среда) со почеток во 17:30 часот во Лаунџ бар Ноа, Сеавус Инкубатор во соработка со Стартап Зона ќе ја презентира првата пред-акцелераторска програма во Македонија. Станува збор за програма која е наменета за стартапи, тимови или претприемачи кои работат во областа на информационите технологии.
На презентацијата ќе се претстават менторите и темите кои ќе бидат опфатени во рамки на осум неделната прогама: разовој на идеја, формирање на тим, маркетинг и продажни тактики, финансирање на бизнис, до дизајнирање на прототип на продукт или апликација.
Програмата е ко-финансирана од Сеавус и ИМЕ програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус и е бесплатна за избраните учесници.
Сите заинтересирани лица се добредојдени да присуствуваат на презентацијата, а претставниците од Сеавус Инкубатор и партнерите ќе одговорат на сите прашања поврзани со неа.