Инфо Ден, „Хоризонт 2020“ – Мари Склодовска-Кири Акции

Министерството за образование и наука во соработка со Македонската академија на науките и уметностите организираат Инфо ден за можностите кои ги нуди програмата за мобилност Мари Склодовска – Кири акции, во рамки на Европската програма за истражување и иновации – “Хоризонт 2020“.

Програмата нуди извонредни можности за мобилност на истражувачите од сите категории, индивидуални стипендии, размени на тимови од институции вклучувајќи и административно технички кадар, учество во КО-финансирани програми за постдипломски и докторски студии и слично.

АГЕНДА

Заинтересираните учесници можат да се регистрираат на следниов линк:
https://msca-association.teamwork.fr//

како и на електронската адреса: violeta.atanasovska@mon.gov.mk
контакт телефон: 076 485 058

Предвидено е на настанот да присуствуваат од 120 до 140 учесници, такa што принципот за присуство ќе биде според времето и редоследот на регистрацијата.