Спасовски: На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори!

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес во изјава за медуимите истакна:

„Почитувани граѓани,

Од денеска ние министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ сме очите на вас граѓаните внатре во Владата!

На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори!

Во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви!

Затоа сме дел од техничката влада.

Ви ветивме и го исполнивме ветувањето – ја вративме техничката Влада што мора да организира и спроведе регуларни избори на 11 декември.

Порачуваме, ќе го пресретнеме секој обид за какви било предизборни или изборни нерегуларности. Корупција на гласачи, притисоци, криминал – заврши во РМ!“– истакна Спасовски.