Најдобрите млади програмери на прием во Агенцијата за млади и спорт

Најдобрите од Државниот натпревар за „Избор на најдобар млад програмер” кој е во организација на Здружението на информатичари на Македонија а во соработка со Агенцијата за млади и спорт. кои учествуваа на Интернационалната олимпијада по информатика во Казан, Русија беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Тие како дел од проектот наречен „Најдобар млад програмер”, во кој учествуваа преку 400 учесници, а чија цел бешеда преку правилна филтрација низ регионалните и Државните натпревари да ги добиеме најдобрите шестмина, достојно не претставија на Интернационална Олимпијада ( 17-19.08 Казан, Русија). Во конкуренција на 308 ученици од 86 земји, бронзениот медал го освои 17 ¬годишниот Владимир Максимовски, кој беше на чекор до освојување и на сребрен медал, а Димитар Бајрактаров го делеле само неколку поени од освојување на бронзен медал.

Нивната посета беше и најава на претстојната Балканска Јуниорска Олимпијада по информатика (17-22.09) чиј домаќин е Скопје. На настанот кој е во организација на Здружението на информатичари, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за информатичко општество ќе учествуваат 40-тина млади информатичари до 15 години од целиот Балакан.