Денес по претходно обезбедена Наредба од надлежен судија, извршен е претрес во домот и помошни простории кај две лица од село Клуковец. При претресот пронајдено е и одземено едно огнено оружје- пиштол калибар 6,35мм за кое лицата немале одобрение за поседување. Во непосредна близина на објектот каде бил вршен претресот пронајден е насад од марихуана- вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри. Стеблата се откорнати и истите ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи.
Во врска со настанот, две лица од село Клуковец се лишени од слобода и задржани во Полициска станица Велес.
Се преземаат мерки за утврдување на поврзаност на лицата со пронајдените насади марихуана.