Обвинители, полиција, истражители и форезинчари се уште вршат увид откако вчера во пештера во кичевско биле пронајдени човечки черепи и коски.
Од Основното јавно овинителство-Гостивар велат дека кичевската полиција добила анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река има човечки черепи, по што основниот јавен обвинител излегол на терен.
Од обвинителството не го соопштуваат бројот на черепи бидејќи се уште трагаат, а поради карактеристичниот терен на пештерата, инаку меѓу народот нарекувана „Череп“, ќе треба повеќе време за да се истражи цела. Од обвинителството соопштија дека увидот ќе трае и во наредните денови.
„Во пештерата која има неколку краци пронајдени се и подигнати неутврден број на човечки черепи и коски. Истрагата продолжува во наредните денови, а пештерата по наредба на јавен обвинител ќе биде непрекинато обезбедена се до отповикување на наредбата. За секое ново сознание што нема да ја попречи истрагата, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста“, пишува во соопштението на обвинителството.
Извор: meta.mk