Од ноќеска по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,98%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 22.08.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се променува, односно останува на исто ниво утврдена со Одлуката од 22.08.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,676 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.08.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,008 ден/кг.