Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески по повод верскиот празник Курбан-Бајрам упати честитка до сите охриѓани и граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед.
„Дозволете ми во овие празнични мигови, да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желби да Ви донесе многу радост, благосостојба и мир во вашите домови ,љубов и грижа за најблиските. Прославувањето на празникот нека донесе хармонија во човечките односи, и нека нé потсети на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање,дијалог и толеранција како суштински услови за мир и соживот, среќа и општа благосостојба во нашето општеството. Простувањето и милосрдието како суштински симболи на човечноста се најизразени во пораката која ја носи токму овој празник, а тоа е подавање рака и споделување со ближните и сиромашните.
Празничните денови нека поминат во радосно и семејно опкружување. Со добра мисла, мирољубивост и толеранција заеднички да градиме општи добра за нашата татковина“– се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод големиот верски празник Курбан- Бајрам.