Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа-Култура, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020 и Еразмус +

Ве известуваме дека Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 13 септември 2016 година, со почеток во 10 часот, во Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје организира „Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните, Хоризонт 2020 и Ерзамус +“.

Целта на настанот е да бидат информирани потенцијалните корисници за можностите што ги нудат овие програми на Европската Унија. Инфоденот е наменет за професионалците од културниот и од креативниот сектор, приватните организации, образовните и научните установи, невладините организации, претставниците на општините, локалните институции од областа на културата и други потенцијални квалификувани корисници.

Инфоден за програмата на Унијата – Креативна Европа – Култура …