Лишен од слобода албански државјанин поради фалсификувана патна исправа

На 11.09.2016 година во 12.25 часот на ГП Ќафасан за влез во Р.Македонија се пријавил странски државјанин, кој на увид покажал грчка патна исправа на име Л.С., која евидирала како украдена и била предмет на потрага.

Од тие причини бил направен детален преглед на багажот и лицето и била пронајдена албанска патна исправа на име Ф.С. (22) од Корча, Р.Албанија, кој е точниот идентитет на лицето, како и возачка дозвола на име Л.С., која била фалсификувана во делот кај фотографијата. Поради ова Ф.С. бил лишен од слобода, а патната исправа и возачката дозвола со потврда се привремено одземени и во 16.00 часот се предадени на полициски службеници од ОПКМСР-Струга.

Во текот на 12.09.2016 година лицето ќе биде предадено во Основен Суд Струга за понатамошна постапка.