Кривична пријава за кичевчанец поради кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево.

Пријавениот, на 28 јули годинава, од џип со американски ознаки одзел една кожна женска ташна во која имало 9450 евра и 4720 американски долари во разни апоени, поголем број златни ланци и друг златен накит како и четири патни исправи. Кражбата се случила во ноќните часови на паркинг простор на улицата „Маршал Тито“ во близина на угостителски објект. Тогаш, пријавениот искористил згодна прилика и неовластено влеголол во патничкиот џип „Чироки“ кој бил оставен незаклучен, сопственост на жител од селото Колибари. За мошне кратко време, тој влегол во возилото и од фиоката од совозачкото место одзел една кожна женска ташна во која биле парите и златниот накит. На тој начин, Е.М. се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000,оо денари.

На местото на настанот, извршен е увид по што, со овластување на Јавниот обвинител, преземени се мерки за расветлување на кражбата. По обезбедени прецизни информации, полициската станица од Кичево, на 29 јули го пронајде сега пријавениот, сокриен во домот на О.Џ. од Кичево. Во моментот, кај Е.М. пронајдени се 4100 американски долари а при изврши претрес во неговиот дом, во ќумците и релната од шпоретот на дрва, пронајдени се и останатите пари и златни предмети. Дополнително, пронајдени се и патните исправи кои пријавениот ги сокрил во близина на куќа на улицата „Маршал Тито“.