Во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција „Менаџмент и преговори во кризни ситуации“

Во Охрид, во хотелот Силекс утре и задутре ќе се одржи Меѓународна конференција „Менаџмент и преговори во кризни ситуации“.

Меѓународната средба на полициските експерти од оваа област е во организација на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

Се очекува, учесниците на оваа конференција да ги поздрави директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Митко Чавков.