Во тек е акцијата на Локалната самоуправа за чистење на речните корита и канали на територијата на Општина Охрид. Денес се работи на чистење на коритото на река Сушица по што ќе следи чистењето и проширувањето на река Коселска и нејзините дотеци.
Надлежните служби апелираат до охриѓани да не фрлаат отпад и отпаден материјал во исчистените и проширени речни корита и канали затоа што во спротивно ќе следат соодветни законски санкции.
Во чистењето се вклучени екипи и механизација на ЈП „Охридски комуналец“.
За чистење на речните корита и канали согласно Развојната програмата „Други комунални услуги“ за 2016-2018 година, Општина Охрид од својот буџет има издвоено 4 милиони денари, а за механизацијата што се користи на терен обезбедени се 4 тони нафта, поддршка од Министерството за животна средина на Р. Македонија.