Конференција „Развој на соработката помеѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи“

Одржана конференција по повод отворање на проектот „Развој на соработката помеѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи“ во организација на Министерството за образование и наука , Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Министерството за национално образование, високо образование и научно истражување на Република Франција и Одделот за вработување и учење (ДЕЛ), Северна Искра ,Велика Британија.

На конференцијата присуствуваа претставници на делегацијата на Европската Унија, претставници на Министерство за образование и наука на Република Македонија, претставници на Службата за следење на ЦФЦД и Служба за следење и раководење на ИПА како и проект лидерите на соседните земји на ЕУ и координаторите на проектот.

По повод отворањето на проектот, поздравен говор имаше Министерот за образование и наука на Р. Македонија, м-р Пиштар Лутфиу

„Ми претставува големо задоволство што присуствувам на отворањето на проектот „ Развој на соработката меѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи, во организација на Министерството за образование и наука, Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Министерството за национално образование , високо образование и научно истражување на Република Франција ( ЦИЕП) и Одделот за вработување и учење (ДЕЛ), Северна Искра ,Велика Британија“.

Исто така министерот Лутфиу ги поздрави и партнерите на овој проект, експертите и сите они кои придонесоа за реализирање на проектот посакувајќи понатамошна соработка помеѓу работодавачите, студентите и универзитетите преку поддршка за успешна реализација на проекти.

Проектот „Развој на соработката меѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи “ финансиран од страна на Европската Унија има за цел подобрување на квалитетот на високото образование во Република Македонија, зајакнување на капацитетите на високо образовните институции и создавање на подобри односи со пазарот на трудот.