Промовирани 13 нови наслови од проектот за превод на стручна литература

Нови тринаесет наслови од проектот „Превод на стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, денеска беа промовирани во читалната 1 000 книги.

Книгите се од природно математичката област, економијата, маркетингот, од областа на машинството и електротехниката, биотехнологијата, земјоделството и ветерината, правото, филозофијата и филологијата, медицината, стоматологијата и фармацијата.

Новите наслови ги промовираше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој истакна дека и овие книгите се дело на врни автори и експерти.

„Меѓу насловите кои ги промовираме денеска е и книгата „Котлер за маркетингот“, напишана од еден од највлијателните автори од областа на маркетингот – Филип Котлер. Всушност, тој се смета за основач на модерниот маркетинг, затоа што ги редефинира основните концепти на материјата. Како најчитан и најнаградуван светски експерт за маркетинг, преку проектот 1.000 книги, преведени се неколку негови книги“, рече Ристовски.

Со последните 13, бројот на преведени книги кои можат да ги користат студентите, професорите и останатите љубители на книгата и научната мисла, изнесува 990.

Ристовски потенцираше дека иако остануваат уште 10 книги за превод и промоција за реализација на проектот за превод на на стручна литература, овој проект ќе биде проширен и збогатен за уште 200 дополнителни наслови.