ВМРО-НП: Општина Охрид повторно го заборави Охридското востание

Претставници на ВМРО – Народна партија од Охрид вчера го одбележаа ослободувањето на Охрид од српската окупација. Со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето во Велгошти беше одбележана годишнината од Охридското востание.

„За жал, и оваа година, овој чин беше игнориран од страна на Локалната самоуправа. Општина Охрид како да го заборави овој важен и значаен датум за градот. И покрај најавите изминатите година на секретарот Спасески дека местото околу спомен обележјето ќе биде уредено, се уште нема ништо од сето тоа.“ – истакнуваат од ВМРО-НП.

Покрај претставниците на ВМРО – Народна партија, на чинот присуствуваа единствено претставници на ограноците од Охрид и Кичево на Здружението за Македонско – Бугарско пријателство.