МВР ја поддржа акцијата на Амбасадата на САД за дарување на крв и храна

Со донација од поголема количина на прехрамбени артикли Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја поддржа акцијата на Амбасадата на САД за дарување на крв и храна, што се одржа денеска во Амбасадата од 09.00 до 16.00 часот. Во име на министерството донацијата ја однесе министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

img_07862

Акцијата беше организирана и се одржа во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиологија. Со оваа акција Амбасадата на САД го одбележа 14-ти Септември, Националниот ден на служба и сеќавање на САД. Овој ден започна да се одбележува во 2002 година како начин на гледање напред, преку добротворни служби да се покаже почит кон жртвите, преживеаните, како и сите оние што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 година.

Овој настан има за цел да помогне за дополнување на резервите од крв на Црвениот крст и ќе обезбеди храна и други потребни залихи за загрозени семејства за претстојната зима.

img_07921-1