Непознат сторител извршил кражба во сувенирница во Вевчани

Во периодот од 11.00 часот на 10.09.2016 година до 10.00 часот на 13.09.2016 година во с.Вевчани, струшко, во сувенирница, сопственост на Музеј и Завод на Охрид при Министерството за култура на Р.Македонија, непознат сторител извршил кражба.

Сторителот од заштитната ограда, која е поставена на објектот, извадил осум алуминиумски делови. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.