Утре ќе бидат ставени во употреба тениските игралишта во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, утре точно напладне ќе ги стават во употреба новоизградените терени за тенис кои функционираат во рамки на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Станува збор за еден двоен и еден единечен терен, кои се изградени по најсовремените стандарди, а кои битно ќе допринесат во спортското заживување на градот и враќање на младите на спортските терени. Преку играта и спортувањето младите ќе градат здрави животни навики.

Во рамки на СРЦ Билјанини извори веќе функционираат двата помошни терени за голем фудбал, едниот на природна и другиот на вештачка трева, а во тек на градба е затворениот пливачки базен.

Се покануваат сите охриѓани да бидат дел од утрешниот настан.

teniski_igralista_ohrid_4001