Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, во соработка со Драмскиот театар, на 20.9.2016 година со почеток во 20 часот во Драмскиот театар ќе одржи вокално-инструментален концерт.
Концертот се организира по повод собирање средства наменети за поплавените подрачја во Скопје. Собраните средства ќе се донираат на сметката за помош на поплавените.
Цената на билетот е 100 денари и може да се набави на билетарницата на Драмскиот театар.