Денес во Факултетот за Исламски Науки – Скопје се одбележа 20-годишнината на основањето, исто времено се одбележа и почнувањето на новата академска 2016/2017 година.
На настанот присуствуваше министерот за образование и наука м-р, Пиштар Лутфиу , кој во своето обраќање изрази задоволство истакнувајќи дека токму на овој датум се одбележува 20-годишната историја по дипломирањето на првата генерација на Медресето „ Иса Бег“.
„ Денес Факултетот за Исламски Науки е највисока образовна институција на Исламската верска заедница и придонесува подигање на верската и социјалната свест на муслиманската заедница во Република Македонија.
Најголем придонес при основањето на Факултетот за Исламски Науки даде исламската верска заедница на Р. Македонија. И покрај различните напори со кои се соочувале во минатото Факултетот за Исламски Науки во Скопје стана реномиран факултет и се наоѓа на исто ниво со другите факултети за исламски науки низ Балканот , “ истакна Министерот Лутфиу.
Исто така, тој изрази големо задоволство за досегашната соработка помеѓу Министерството за образование и наука со ИВЗ, наведувајќи го придонесот за акредитација на Факултетот за Исламски Науки во Скопје – прв циклус и постапката за акредитација на втор циклус.
Министерот Лутфиу додаде дека оваа година Министерството за образование и наука ќе додели 60 илјади евра за соработката помеѓу двете институции.
Министерот Лутфиу на сите студенти во Република Македонија им ја честиташе новата академска година, изразувајќи поддршка и внимание на студентите, односно нивното знаење да биде конкурентна на пазарот на трудот и на крај им посака успех во нивната понатамошна работа и посветеност.