Средба на НГШ на АРМ со одбранбено аташе на Јапонија

Денес началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со полковник Таки Јошимаса, одбранбено аташе на Јапонија во Република Македонија.

На средбата се разговараше за можностите и облиците за остварување на понатамошна билатерална соработка помеѓу АРМ и Одбранбените сили на Јапонија, достигнувањата на АРМ во полето на одбраната и активностите кои ги спроведува.

2

Должноста одбранбено аташе во Република Македонија, полковник Јошимаса ја извршува од Виена, Австрија и на оваа должност е со мандат од јуни оваа година.

1