Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна:
„Како што реков, еве сме овде пред Судот заради тоа што ветивме дека ќе се бориме за правда. Веднаш штом се создадоа условите да можат да се оддржат рочиштата ние сме овде барајќи правда.
Ова денеска што се случува во Судот како што знаете, не бевте пуштени и вие новинарите заради тоа што срамот е голем и на овој Суд.
Денеска ова е доказ како се инструментализира и како се става под контрола судството заради едни забегани политики во Р.Македонија.
Денеска не се оддржа рочиште заради тоа што главниот сведок, единствениот сведок, Никола Груевски одлучи да не се појави или Судот му беше кажано да не му достави покана. Но за да биде дополнително покриен наводно бил спречен еден од двајцата поротници да биде присутен иако законот определува и замена на поротници кога тоа е најавено ако некој од поротниците не може да дојде.
Во Македонија право и правда мора да има! Тоа мора да биде конечна цел на сите нас граѓаните коишто живееме во Р.Македонија. После 11-ти декември правната држава ќе се врати во Р.Македонија!“ – истакна Заев.
Одговор на новинарско прашање
Медиум: Господине Заев во текот на вчерашниот ден СЈО ги поднесе и првите обвиненија кои се поврзани со аферата прислушување која всушност вие ја обелоденивте во текот на минатата година пред македонската јавност? Дали сметате дека Кривичниот суд ќе се охрабри да ги води овие судски процеси почитувајќи го законот?
Заев: Не сакам да ја коменитирам работата ниту на Судот ниту на СЈО, но ќе се повторам во нешто што сум го кажал многу пати. Неуморно верувам дека поголемо мнозинство во Судот и воопшто во правниот систем во Р.Македонија, сепак се професионалци коишто си ја сакаат својата работа и бараат услови слободно согласно свои убедувања по Устав и по закон да носат одлуки. Јас верувам дека сите знаеме дека пред каков важен моментум сме исправени и како граѓани и како Р.Македонија. Согласно моментумот во којшто живееме и работиме треба и да се однесуваме.