На 24 септември во Виена ќе се одржи самит за балканската рута на бегалците

На 24 септември во Виена ќе се одржи самит за балканската рута на бегалците на кој се повикани лидери на држави кои се најмногу погодени од мигрантската криза.

Од австриската влада порачуваат дека е потребно по европскиот совет во Братислава да продолжат разговорите за важните прашања за иднината на Европската Унија особено за мигрантите.

На самитот се повикани премиерите на Грција, Словенија,Србија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија, Романија и Македонија.

Извор: meta.mk