Кампања против ксенофобија насловена „Деца на планетата Земја“

Во Паркот на Франкофонијата денеска се одржува манифестацијата „Деца на планетата Земја“ која е дел националната кампања против ксенофобија.

„Деца на планетата Земја” е граѓанска акција на Фондација Отворено општество Македонија која порачува дека сите имаме право да живееме мирно, слободно и безбедно.

Во рамки на манифестацијата, која почнува во 11:30 и ќе трае се до 19:00 часот, ќе се одржат изложби, проекции на филмови, работилници за изработка на маици и постери, а ќе биде отворен и пункт за донации кои се наменети за бегалците на пограничниот премин во Гевгелија. Собраните донации ќе бидат предадени во текот на утрешниот ден.

programa-sabota-24-09-2016-2-del-2-2Организаторите порачуваат дека на бегалците во кампот им се потребни чинии, лажици, вилушки и стаклени чаши за кујните во камповите, како и играчки, разни едукативни боенки, блокчиња, боички, фломастери, школски прибор и слично кои децата ќе ги коритстат во занималните во кампот.

Извор: meta.mk