Успешен претприемач, докажан извршен директор, светски мотивациски говорник, автор, продуцент на холивудски филм, и продуцент на Греми добитник – џез албум во 2015 година. Тој е основач на повеќе стартап компании, бил извршен директор на јавни и приватни компании, и служел како висок претставник на извршната власт на различни функции.
Џеф Хофман е дел од голем број на познати компании, вклучувајќи ги Priceline.com. uBid.com, ColorJar, и многу повеќе.
Овој септември (27, вторник), ќе го имаме Џеф Хофман во Скопје за прв пат. Целта на неговата посета е да се разменат претприемачки искуства и да се мотивираат успешните локални претприемачи да возвратат на заедницата и на стартап еко-системот, преку менторирање на младите претприемачи, стартап тимови.
Џеф е во извршните одбори на компани во САД, Европа, Јужна Америка, Африка и Азија, и поддржува претприемачи и малите бизниси во повеќе од 150 земји. Тој, исто така, е дел од одборите на of Global Entrepreneurship Week и The Unreasonable Group. Џеф често е мотивациски говорник, во повеќе од 50 земји, на теми како иновации, претприемништво и бизнис раководство. Тој е ко-автор на книгата SCALE, како-да прирачник за вашиот бизнис. Џеф исто така, често држи работилници за иновации за големите корпорации.
Џеф е бизнис експерт кој има гостувано на Fox News, Fox Business, CNN, CNN International, Bloomberg News, CNBC, ABC, и НПР, и во публикации, вклучувајќи Forbes, Inc., Time, Fast Company, the Wall Street Journal, и многу повеќе .
Пред неговата презентација, македонските еко-систем актери ќе имаат можност да ја претстават својата работа и своите потреби пред македонската бизнис елита. Како говорници на овој настан ќе бидат претставници од Central Ventures, Startup Macedonia, HUB Skopje, Seavus Incubator, NewMan’s Business Accelerator.
Организацискиот напорите за овој настан се признаени и поддржани од страна на SECO програмата за претприемништво (SECO EP), проект кој е поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од страна на Swisscontact, заедно со J.E. Остин.
Во завршниот дел од конференцијата ќе се одржи панел дискусија за важноста на менторството, која ќе биде проследена со вмрежување и одлична можност за остварување потенцијална соработка меѓу претставници од бизнис заедницата и стартапите.
Овој настан е од затворен карактер на принцип на покана. Ако сте дел од целната група и заинтересирани да менторирате млади претпиремачи, обратете се директно на SECO EP Еко-систем фасилитаторот Нина Николиќ на: nina.nikolikj@swisscontact.org