Во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид / Народен театар Охрид, на 2ри октомври (недела), повторно ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.
Претставата е со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 150 денари. Картите се во продажба на билетарницата на Центарот за култура.
Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески и Марија Неданова.
Костимографијата, сценографијата и светлото се на Милена Пантелеева од Бугарија.